Кувајтските власти забранија собир на повеќе од 20 луѓе на јавни места, соопштувајќи дека полицијата има право да ги растера недозволените групни собирања.
Ваквата одлука ја отсликува зголемената тензија меѓу прозападната власт во оваа земја на Персискиот Залив и опозициските организации, предводени од исламисти.
Наредбата за ограничување на собирите на јавни места е објавена денеска во кувајтските весници. Ова се случи откако во неделата полицијата употреби солзавец при судирите со илјадниците демонстранти, кои протестираа со барање за измена на изборниот закон, пред гласањето на парламентарните избори, закажани за 1 декември.
Националното собрание на Кувајт е парламент со најголеми овластувања меѓу арапските земји од Заливот и гласањето е важен испит за владејачкото семејство и неговите поддржувачи.
По изборите во февруари, во законодавниот дом доминантни беа опозициските пратеници, но Владата ги повлече правилата, со кои се дозволува многукратно гласање за кандидати.