Израел: Руски војници веќе се во Сирија

Од:

Израелскиот министер за одбрана изјави дека руски војници изминатите неколку дена пристигнале во Сирија, за да помогнат на силите на претседателот Башар ал Асад.

Моше Јалон денеска изјави дека Москва испратила воени советници и активен контингент со главна цел да создадат воена воздушна база. Според него базата ќе се наоаѓа во близина на Латакија и би можела да се користи за распоредување на борбени авиони и хеликоптери за напади врз екстремисти од групата ИД.

Колку што сме запознаени, во оваа фаза станува збор за ограничени сили, кои вклучуваат воени советници, екипа за безбедност и подготовка за управување со борбени авиони и хеликоптери, изјави израелскиот министер.

Јалон рускиот потег го оцени како значителен и нагласи дека ако Москва планира да врши воздушни напади врз екстремисти од ИД, тие ќе треба да се координираат со водената од САД меѓународна коалиција.

Според израелскиот министер првична цел на Русија веројатно е да ги заштити интересите во Сирија, како што е воената поморска база во Тартус на Средоземно Море.

Јалон не објави како Израел дошол до информациите за присуството на руски воени сили во Сирија.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски