Хрватска е подготвена да го прими својот дел од бегалците

Од:

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ денеска изјави дека Хрватска е подготвена да прими дополнителен број бегалци од вкупно 120.000, кои треба да бидат итно раселени од Грција, Италија и Унгарија, пренесе Танјуг.

Остоиќ изјави дека досега Хрватска покажала солидарност со овие три земји од ЕУ, кои се најзасегнати од бегалската криза на европско тло.

-Ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина и подготвени сме да ја прифатиме новата квота, подвлече Остоиќ на прес конференција во Загреб.

Хрватската Влада уште во јули донесе одлука да прифати 550 лица, а според новиот план на Европската комисија, што вчера беше изложен во Стразбур од претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, таа треба да прифати уште 1.064 лица.

Остоиќ посочи дека овој предлог ќе биде разгледан на 14 септември,во Брисел, на вонредната седница на министрите за внатрешни работи, а конечната одлука треба да ја донесе Советот на ЕУ.

-Овој пат господин Јункер и Европската комисија инсистираат на решителни мерки, рече хрватскиот министер.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик