Кавадарци ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Од:

Локалната самоуправа Кавадарци заедно со кавадаречкото комунално претпријатие ќе го решаваат проблемот со кучињата скитници, најави попладнево градоначалникот Александар Панов.

-Третман на кучињата скитници навистина е потребен. Обидот што го направивме со општините од Вардарскиот плански регион со помош на УНДП да го решиме овој проблем, не ни успеа. Но не се откажуваме, изјави Панов за медиумите.

Тој нагласи дека граѓаните го рангираат овој проблем како врвен приоритет на градот за решавање во моментов.

-Кавадарци нема егзистенцијални потреби за решавање од типот на недостиг на вода, канализацазиони мрежи и слично, но потребите се веке искристализирани, а тоа се изградба на детска градинка, уредување на влезовите на градот, решавање на проблемот со фудбалот и последното што го пратиме е проблемот со кучињата скитници, кој сум убеден дека во најскоро време ке го решиме независно, дали сами или како регион, рече градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски