Косовската претседателка Јахјага во дводневна посета на Албанија

Од:

По покана на албанскиот претседател Бујар Нишани, во дводневна официјална посета на Албанија денеска ќе допатува неговата косовска колешка Атифете Јахјага.

Како што соопшти кабинетот на Нишани, Јахјага со сите државнички почести ќе биде пречекана во десет часот, по што планирана е средба на двајцата шефови на држави. По нивната  триесет-минутна средба, планирана е средба на делегациите на двете земји, кои ќе разговараат за унапредување на соработката во повеќе области.

Во текот на првиот ден од престојот, Јахјага ќе биде примена и од премиерот Еди Рама, спикерот на албанскиот парламент Илир Мета а ќе се сретне и со градоначалниот на Тирана Ерион Велиај.

Во текот на вториот ден од престојот таа ќе оствари средба со лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, по што ќе ги посети градовите Берат и Скадар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски