Грција го разгледува барањето на САД да го затвори небото за Русија

Од:

Грција доби барање од САД да и забранат на Русија употреба на грчкиот воздушен простор за превоз на помош во Сирија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи во Атина.

Тој дополни дека молбата во моментов се разгледува.

Руски медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори претходно соопштија дека Грција го одбила барањето на САД. Официјална Атина се обидува да развива поблиски врски со Русија во услови на економската криза, која речиси ја принудени да излезе од еврозоната.

Русија е долгогодишен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека САД и другите западни сили се залагаат за ставање крај преку политичка транзиција.

Барањето на Вашингтон до Атина доаѓа откако САД во саботата изразија загриженост поради информациите за зголемено воено присуство на Русија во Сирија.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија