Путин: Точно е, и помагаме на војската на Сирија

Од:

Русија спроведува сериозен тренинг и дава логистичка поддршка на сириската војска, потврди рускиот претседател Владимир Путин.

Тој за прв пат јавно ги потврди информациите за руска вмешаност во војната во Сирија.

Рускиот претседател кажа дека расправите за директна воена интервенција во Сирија за сега се преуранети, но не ја ја исклучи таа можност за во иднина.
-На Сирија веќе и помагаме со опемување и тренирање на нивните војници со наше оружје, рече Путин на економскиот форум во Владивосток.

Тој кажа дека Русија сака да создаде некој вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот.

-Во моментов има консултации со нашите американски партнери. Лично разговарав со Обама за тоа, рече Путин.

Русија неколкупати до сега стави вето во Советот за безбедност на ОН, со цел да ја искаже поддршката за Башар ал Асад во текот на 4 години војна која до сега однесе најмалку 250.000 животи.

Минатата недела сириската телевизија објави фотографии на кои се гледа руско оклопно возило во борба, а на снимката наводно се слушале и како зборуваат војници на руски јазик.

Израелскиот весник “Yedioth Ahronoth” цитираше западни дипломатски извори кои тврдеа дека Русија наскоро ќе испрати свои војници кои од базата Тартус ќе тргнат во борба против Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on