(ВИДЕО) Канческа-Милевска: Изгледот на „Мајка Тереза“ е објавен, не знам како не сте го виделе

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска не ја удостои јавноста со одговор дали е рацинално 10 милиони евра од буџетот на даночните обврзници да се потрошат за нов споменик на Мајка Тереза кој ќе биде сместен на плоштад Македонија.

Според неа споменикот е дел од програмата на Министерството која добила доверба од граѓаните, иако Владата не го планираше овој проект во својата програма се додека од него не се откажа странскиот инвеститор, Субрана Рој. Канчевска-Милевска дополнително ги убедуваше новинарите дека е објавено идејното решение за скулптуралната композиција и покрај тоа што јавноста се уште не го видела.

-Идејното решение е објавено, не знам како не сте го виделе – одговори министерката на прашање зошто не е дадено на увид и дали граѓаните ќе имаат прилика да го видат изгледот на скапата скулптура пред таа ќе биде подигната.

Споменичната целина ќе ја гради градежната компанија „Бетон“, реализатор на голем дел од проектот на „Скопје 2014“, како и на хотелот каде ќе биде сместено седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Договорот што Министерство го потпиша со оваа фирма е во износ од 5,6 милиони евра со што сумата за изградба на споменикот достигна 10,7 милиони евра, заедно со изработката на основниот проект, идејното решение и договорот за изградба, објави „Призма“.

Јавноста е запознаена со изгледот на проектот кој требаше да го реализира фирмата на контроверзниот индиски бизнисмен. Според Валентина Стефановска, авторот на споменикот кој ќе го подигне Министерство, истиот ќе изгледа многу поразличен од белата купола со изглед на католичка наметка.

Можно е споменикот да го надмине во висина Воинот на коњ, а ќе биде дел од фонтана, ангели, цвеќарник и други елементи.

Медиумите објавија дека скулптуралната композиција ќе ја сочинуваат фигури на Мајка Тереза со болно дете и родители кои ќе зафаќаат простор од речиси 12 кубни метри. Дел од композицијата ќе бидат и фигури на чесна сестра со инвалид, чесна сестра со болен што седи, чесна сестра со болен што лежи и чесна сестра со болен што седи на карпа. Фонтаната ќе ја красат неколку помали во различни положби и еден централен ангел. Ќе има и декоративни елементи во вид на пехар. При изработка на спомен-обележјето ќе се користи бронза, мермер, инокс и други материјали.

Идејното решение е дело на Валентина Стефановска и Кирил Мукаетов. Се очекува фонтаната да биде изградена за три години, а градежните работи најверојатно ќе започнат на есен. За да се издигне фонтаната ќе треба да се премести постојниот споменик на Димитрија Чуповски, а ќе се исечат и последните осум децениски костени.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски