Со натпреварите од Е-Х половината, вечерва, продолжуваат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони.
Дербито ќе се одигра во Доњецк, каде на Шахтјор ќе му гостува актуелниот европски првак, Челзи. Покрај овој меч, во Е групата ќе се одигра и дуелот помеѓу Нордсјеланд и Јувентус.
Интересни натпревари на прогрмата се во Ф групата, лидерот БАТЕ Борисов ќе ја пречека Валенсија, додека Баерн Минхен ќе гостува во Лил.
Групата Г ги нуди пресметките Спартак Москва-Бенфика и Барселона-Селтик.
Манчестер Јунајтед е фаворит против Брага, а покрај вој меч во Х групата ќе играат уште Галатасарај и Клуж.
Со исклучок на натпреварот во Москва, кој ќе започне во 18 часот, сите други натпревари ќе стартуваат во стандардбиот термин од 20:45 часот.