Компанијата „Блекбери“ претстави нов смартфон што работи на Гугл Андроид оперативен систем и Кверту тастатура, како дел од планот за враќање на глобалните пазари.
Новиот Блекбери смартфон претставува комбинација на функционалност на екран чувствителен на допир и физичка Кверту тастатура, што претставува заштитен знак на компанијата. Корисниците ќе може да преземаат апликации од добро познатиот Гугл Плеј.
Сепак, смартфонот ќе има некои карактеристики на оперативниот систем Блекбери 10, како што е Блекбери Хаб.
Уредот има 5,4 инчен КуХД екран, 1,8 гигахерци Снапдрагон процесор, 3 ГБ РАМ и камера од 18 мегапиксели.