Влатко Чинговски и Дејан Бошковски се повлекоа од АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО. Официјално причините за одлуката се лични.
Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ на денешната седница констатирал дека се исполнети сите услови за отповикување на Влатко Чингоски и го усвоил неговото барање.
Чингоски, кој на функцијата директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ беше шест години се повлекува од лични причини, без да наведе кои. Чинговски се споменуваше како дел од „новиот бран “ да добие амбасадорско место, но сега нема никакви детали.
„ Сметам дека во изминатиот шестгодишен период целосно се вложив, со сите идеи и можни активности, се со цел од АД „Електрани на Македонија“ да направам современ, ефикасен и пред се, економски корисен субјект во земјава, и да ја зајакнам како технички, така и финансиски и инвестициски и да се обидам да го етаблирам местото и улогата на ЕЛЕМ не само во рамките на Република Македонија, туку и надвор од нејзините граници, пред се на регионален план. Иднината ќе покаже дали и колку сум успеал во тие напори“, соопштува Чингоски.
Слични причините и на Бошковски.
„По 20 месеци посветена работа задоволство е да се согледа сработеното, да се анализира стекнатото знаење и новите искуства. Предизвиците за зголемување на ефикасноста во управување со електроенергетскиот систем и надградба на преносната мрежа го трасираа патот и ја креираа агендата и за иднина“, стои во изјавата на Бошковски.