Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска во Монако ќе изврши жрепка за групната фаза од Лигата на шампионите.
Вкупно 32 екипи се поделени во четири шешири, а екипи од ист шешир не може да се паднат во иста група.
Изгледот на шеширите е:
Прв шешир: Барселона, Баерн Минхен, Челзи, Бенфика, ПСЖ, Јувентус, Зенит и ПСВ.
Втор шешир: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Порто, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Валенсија, Баер Леверкузен и Манчестер Сити.
Трет шешир: Шахтјор, Севиља, Лион, Динамо Киев, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Галатасарај и Рома.
Четврти шешир: БАТЕ Борисов, Борусија Менхенгладбах, Волфсбург, Динамо Загреб, Макаби, Гент, Малме и Астана.
Почетокот на извлекувањето е во 17:45 часот.