„Катимерини“: Балканските држави ја прескокнаа Грција во разговорите за миграцијата

Од:

Грција е изоставена од кампањата на балканските земји за создавање координиран одговор на зголемениот прилив мигранти и азиланти кои бегаат од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток и Африка, пишува „Катимерини“.

„Во меѓувреме, иако властите во Брисел признаваат дека задолжената Грција, на надворешната граница на Европската унија сноси невиден товар, извори ја истакнуваат целосната фрустрација поради неуспехот на Владата да го спроведе акциониот план за да се справи со проблемот. Грција можеби ќе мора да се соочи со казна од ЕУ поради неуспехот, изјави истиот извор“, пишува весникот.

Во текстот се потсетува дека за време на посетата на Македонија, австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц повика на „координирана акција во цела Европа“, додека од Грција побара поефикасно да ги контролира своите граници.

– Тоа, исто така, е вина и на Грција ако нема поддршка за бегалците, ја пренесува „Катимерини“ изјавата на Курц.

Бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов, исто така зборувајќи од Скопје, вети поддршка од неговата земја за Македонија во справувањето со зголемениот притисок, и повика на соработка меѓу државите од регионот, но не ја спомна Грција, наведува весникот.

„Малку маскирана критика кон Атина дојде исто така и од министерот за надворешни работи на Македонија Митко Чавков, кој истакна дека е ‘апсурдно што проблемот е предизвикан од страна на земја-членка на ЕУ’. Чавков рече дека министрите за внатрешни работи од Македонија, Австрија, Унгарија и Србија наскоро ќе се сретнат во Скопје за да одлучат како ќе дејствуваат понатаму“, пишува „Катимерини“.

Во меѓувреме, агенцијата за бегалци со седиште во Атина, чие создавање многу доцни и е услов за доделување средства од фондовите на ЕУ, треба да почне со работа до средината на септември. Во агенцијата, која требаше да биде отворена во јуни минатата година, ќе работи персонал од Министерството за финансии, дознава весникот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос