Во Крива Паланка заврши „Опен фан фудбал 2015“

Од:

Со прогласување на најдобрите учесници во машка и женска конкуренција и одигрување на финални игри на градскиот стадион во Крива Паланка беше затворена годинашната летна фудбалска школа за млади „Опен фан фудбал“.

На дванаесеттото издание на „Опен фан фудбал “ учествуваа 190 дечиња од Крива Паланка на возраст од 7 до 12 години.
 За петдневните активности на школата беа ангажирани дванаесет тренери и исто толку асистенти.
Координаторот на „Опен фан фудбал“ од Крива Паланка, Бранко Величковски рече дека школата е можност да се препознае и некој нов талент, а Крива Паланка веќе има многу такви кои достојно ги бранат боите на Македонија во но и надвор од границите на државата.
Сите дечиња-учесници добија опрема со логото на „Опен фан фудбал“ сертификати за учество и цд со фотографии за спомен.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он