Шпанија прва земја со пет екипи во групната фаза од Лигата на шампионите

Од:

Со пласманот на Валенсија во групната фаза од Лигата на шампионите, Шпанија ќе биде првата земја која ќе има пет претставници во елитното фудбалско натпреварување.

Валенсија успешно го мина баражот откако синоќа во реваншот загуби на гостувањето кај Монако со 2:1 и со вкупни 4:3 избори пласман во групната фаза.

Покрај Валенсија по синоќешните дуели учество во ЛШ изборија: Динамо Загреб, Малме, Макаби Тел Авив и Шахтјор.

Резултати од синоќешните реванши во плеј-офот:

Монако – Валенсија 2:1 (3:4 вкупен резултат),
Динамо Загреб – Скендербег 4:1 (6:2),
Малме – Селтик 2:0 (4:3),
Шахтјор – Рапид Виена 2:2 (3:2) и
Макаби Тел Авив – Базел 1:1 (3:3).

Вечерва се играат натпреварите:

Бриж – Манчестер Јунајтед (1:3 прв натпревар),
ЦСКА Москва – Спортинг (1:2),
Баер Л. – Лацио (0:1),
АПОЕЛ – Астана (0:1) и
Партизан – БАТЕ (0:1).

Почетокот на средбите е во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска