Еибар лидер со најефикасната победа на стартот од Примера

Од:

Екипата на Еибар е лидер во шпанската Примера откако синоќа во последниот натпревар од 1.коло ја оствари и најубедливата победа во оваа рунда совладувајќи ја Гранада на гости со 3:1. Воедно на овој натпревар беа постигнати и најмногу голови (4) во стартното коло.

Еибар во првиот дел водеше со головите на Адриан (22 минута) и на Ескаланте (35). Домашните намалија преку Рочина (50), но шест минути подоцна добија и црвен картон (Руиз), па Еибар преку Аруабарена (67) дојде до победата од 3:1. Покрај победата гостите натпреварот го завршија со шест жолти картони.

На другите дуели од 1.коло беа постигнати следниве резултати: Бетис – Виљареал 1:1, Леванте – Селта 1:2, Хихон – Реал Мадрид 0:0, Атлетик Билбао – Барселона 0:1, Рајо Ваљекано – Валенсија 0:0, Атлетико Мадрид – Лас Палмас 1:0, Еспањол – Хетафе 1:0, Депортиво – Реал Сосиедад 0:0 и Малага – Севиља 0:0.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска