Вториот човек по ранг во „Исламска држава” е убиен при американски воздушен удар

Од:

Вториот човек во хиерархијата на екстремистичката група „Исламска држава” е убиен при американски воен воздушен напад во Ирак оваа недела, потврди претставник на администрацијата на претседателот Барак Обама.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Нед Прајс изјави дека Фазил Ахмад ал Хајал, познат и како Хаџи Мутаз, патувал со автомобил во близина на Мосул во северен Ирак, кога бил убиен на 18 август. Како прв заменик на лидерот на групата Абу Бакр ал Багдади, тој бил главен координатор за движењето на големи количества оружје, експлозиви, автомобили и луѓе меѓу Ирак и Сирија.

Според Прајс неговата смрт е удар за операциите на ИД, пред се зашто тој бил одговорен за финансии, медиумите, оперативната дејност и логистиката на групата.

При воздушниот напад убиен и медиумски експерт на групата, познат како Абу Абдула.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС