Ново ремек дело на Радамел Фалкао Колумбиецот Радамел Фалкао уште еднаш потврди дека е во фантастична форма.
Фалкао со нова мајсторија и донесе победа на екипата на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Сосиедад со 1:0 со гол од слободен удар во 90-та минута.
За Фалкао ова е 10-ти гол сезонава во Примера, со што потврдува дека годинава Меси (11 голови) и Роналдо (9 голови) ќе имаат сериозен конкурент во трката за најдобар стрелец во Ла Лига.
Атлетико пак ја продолжува низата од 7 победи, а покрај Барселона е единствениот не поразен тим во Примера сезонава.