Конгресот на Перу едногласно го одобри законот што на воените авиони им дозволува да соборуваат сомнителни авиони што превезуваат наркотици, со кои, според полицијата, секојдневно се превезува над еден тон кокаин за Боливија, пренесуваат американските медиуми.
Претседателот на Перу Оланта Мојсес Умала Тасо се очекува да го одобри законот.
Перу ја укина оваа пракса откако пилот на военовоздухопловните сили во 2001 година уби американски мисионер и неговото дете во напад врз нивниот неправилно идентификуван авион.
Перу во 2012 година стана најголемиот производител на кокаин во светот и околу половина од наркотикот со мали авиони го префрла во Боливија.
Кога стапи на должноста во 2011 година, перуанскиот претседал вети дека борбата со шверцот на наркотици ќе биде негов приоритет во работата. Неговата Влада досега искорени рекордно количество насади од кокаин, но е критикувана дека запленува само мал дел од пратките, а воздушниот коридор кон Боливија и натаму непречено функционира.