Северна Кореја предупреди за можни воени дејствија ако Сеул продолжи да води пропагандна кампања преку звучници поставени во демилитаризираната зона, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Пјонгјанг постави ултиматум од 48 часа за прекин на пропагандата. Северна Кореја денеска употреби артилериски оган за да уништи звучници што Сеул ги користи за пропагандна кампања против Пјонгјанг. Јужна Кореја подоцна одговори со испукување на околу 20 проектили врз северниот сосед. Нема информации за жртви или за штети.
Јужнокорејските власти наредија евакуација на населението од тој реон.
Армијата на Јужна Кореја е на највисок степен на воена готовност. Армиски единици од Северна Кореја исто така се во целосна воена подготвеност.