Четири натпревари казна за Пике

Од:

Играчот од одбраната на Барселона Џерард Пике е казнет со четири натпревари забрана на играње поради навредите упатени кон помошниот судија за време на реваншот од Супер купот на Шпанија против Атлетик Билбао.

Тренерот Луис Енрике нема да може да смета на Пике за натпреварите со Атлетик овој викенд, против Атлетико Мадрид на 12.септември и натпреварите на домашен терен со Малага и Леванте.

Пике беше исклучен во 55.минута со директен црвен картон. Според записникот и изјавата на главниот судија Валеско Карваљо, Пике упатил навредливи зборови за помошникот иако фудбалерот тоа го демантираше.

Барселона во реваншот одигра нерешено 1:1 со Атлетик Билбао, а го загуби Супер купот на Шпанија со вкупни 5:1.

Барселона најави дека ќе поднесе жалба за суспензијата на нивниот играч.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска