(ВИДЕО) Коце Трајановски молчи за Панорамското тркало

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, или градскиот татко, Коце Трајановски, на денешната прес конференција ги изигнорира новинарските прашања за Панормаското тркало. Трајановски не и дозволи на новинарката на А1он да заврши со прашањето, ја прекина и рече дека пресот е свикан за друга тема.

На прашањето „Дали Панормаското тркало е помалку важно од темата на прес конференцијата?“, тој продолжи да молчи и да ги игнорира претставниците на јавноста. Трајановски со молчење го одби и предлог на новинарот да даде одговор на прашањата настрана по завршувањето на пресот.

-Ќе ве молам… ќе ве молам… Имаме ваква убава манифестација, нека остане во рамките на оваа манифестација – возврати тој.

Изградбата на ова тркало ќе чини 18,2 милиони евра. Како што претходно изјави Трајановски, тоа според него не се многу пари. Всушност станува збор за околу 20 отсто од годишниот буџет на Град Скопје.

Градскиот портпарол на новинарката и рече дека денешната прес конференција е наменска. Го прашавме портпаролот и јавно го повторуваме прашањето – дали градоначалникот е наменски?!

Трајановски има причина повеќе да им даде објаснување на граѓаните за рекреативниот објект кој почна да се гради и кој интензивно напредува, поради најавениот протест овој четврток. Преку социјалните мрежи граѓаните се организираат да се соберат на протест и да го искажат своето незадоволство од најавениот објект. Протестот, кој ќе биде и воедно граѓанско собрание, ќе се одржи во четврток во 18 часот.

„Во четврток сакаме да им порачаме на одговорните дека СКОПЈЕ НЕ Е ДИЗНИЛЕНД и ова лудило мора да сопре. Продолжуваат да градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град. Ние не сакаме нашите поколенија да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа. Кога во градот имаме над 30 проценти невработеност, незадоволителна инфраструктура и илјадници луѓе на минимална плата од 8.000 денари кои немаат доволно ни да си ги прехранат фамилиите, на Скопје не му требаат долгови од идеолошки дизниленд“, стои во описот на настанот.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се придружат на протестот на кој што ќе започне разговор за трансформацијата на главниот град. Собирот ќе биде уникатен по тоа што граѓаните ќе се облечат во маски и костуми на индијанци, каубојци, кловнови, дизни карактери и карикатури за да ги пародизираат промените во градот „од шмизлите па навака“.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски