Играчот на одбраната на Реал Мадрид, Серхио Рамос го продолжи договорот со својот клуб до 2020 година. Според најавите на шпански „Ас“ Рамос ќе треба годишно да заработува околу 10 милиони евра, сума која тој ја бараше во преговорите со „кралскиот клуб“.
Рамос во Реал Мадрид дојде од Севиља и досега одигра 445 натпревари и постигна 55 голови. Приота трипати ја освои Примера, двапати беше победник на „кралскиот куп“, ја освои Лигата на шампионите, Супер купот на Шпанија (двапати), Супер купот на УЕФА и Светското клупско првенство, а како шпански репрезентативец има две титули европски шампион и една титула светски првак. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно 128 натпревари.
Во текот на летниот преоден рок Рамос беше поврзуван со трансфер во премиерлигашот Манчестер Јунајтед.