Рекордна нарачка од 23,9 милијарди евра за „Ербас“

Од:

Европскиот конструктор на авион „Ербас“ објави дека доби потврда за нарачка на 250 моноходмични авиони (авион чија кабина се со широчина меѓу три и четири метри ширина) од семејството A320нео од индиската компанија ИндиГо. Вредноста на трансакцијата е повеќе од 26.5 милијарди долари (23,9 милијарди евра) според цената на авионите во каталогот на „Ербас“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова претставува рекордна нарачка според бројот на авиони за европскиот прозиводител на авиони. Од 2005 година, ИндиГо, најголемата авиокомпанија во Индија во однос на уделот на пазарот, има нарачано 530 авиони од семејство на Ербас 320. Била ангажирана за овој последен ред во 2014 година, според Ербас.

Новиот модел на A320нео содржи многу иновации за да се постигне заштеда на гориво од15 отсто, која може да достигне до 20 отсто до 2020 година, ова според проценките на „Ербас“ кој наведува дека „ова се совпаѓа со напорите за намалување на емисиите на CO2 до 5.000 тони годишно по авион“.

По рекордната 2014 година, според испораката од 629 продадени авиони – „Ербас“ има за цел да го надмине тој праг, а исто така да го надмине својот американски ривал Боинг, кој испорача 723 продадени авиони во 2014 година.

Но ако Боинг е шампион на испораки, „Ербас“ е неприкосновен лидер на нарачки. Во 2014 година, тој забележа 1.456 нето нарачки наспроти 1.432 кајсвојот конкурент. Во 2015 се чинеше дека таа ќе биде лоша, по разочарувачкиот прв квартал: Боинг испорача 184 авиони, наспроти 130 за „Ербас“, и забележа 110 нарачки повеќе, наспроти 101 за Ербас.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер