Кувајт разби нова „терористичка“ група и заплени големи количини експлозив, соопшти вчера кувајтското Министерство за внатрешни работи.
Силите за безбедност заплениле 144 килограми експлозив, 19 тони муниција, три рачни противтенковски гранати, 56 ракети, 65 различни видови огнено оружје, како и 204 бомби и експлозиви, се додава во соопштението.
Во операцијата се уапсени тројца кувајтски граѓани, кои признале дека се приклучиле кон терористичката група, посочуват властите, без да го наведат името на групата.
Министерството прецизира дека експлозивите и мунуцијата биле пронајдени на фарма во Абдали, во близина на ирачката граница, како и во две куќи, чија локација не се посочува.