Во Тајланд и Индонезија денеска е направена значајна реконструкција на владите на двете земји.
Во двата случаи се нагласува дека на министерски позиции доаѓаат луѓе кои треба да направат повеќе од досегашните министри, за да се запрат негативните економски трендови кои, како што се наведува, се последица на глобалните економски текови во Азија предизвикани од рецесијата во Кина, но и од недоволно ефикасните потези во локалните економии.
Тајландскиот премиер, генералот Прајут Кан-ока реконстукцијата на Кабинетот ја најави пред две недели, а новиот економски тим на Видодо во Индонезија дојде без какви да е најави.
Лидерот на воениот удар во Тајланд, генералот Прајут, кој се уште не ги соопшти имињата на новите министри, но потврди дека разрешувањата и именувањата се „завршена работа“, денеска на новинарите во Бангкок им рече да почекаат, бидејки е можно на листата на сменети да се најде и името на премиерот, функција која тој ја извршува.