Украденото мајмунче Лука е повторно со своето помало братче

Од:

Од ЈУ Зоолошка градина Скопје информраат дека е добра здравствената состојба на мајмунчето Лука кое вчера околу 17.00-17.30 часот било отргнато од своето живеалиште од страна на двајца посетители.

Лука е повторно вратен Зоолошката и е заедно со своето помало братче.

Мајмунчето е пронајдено по заслуга на совесни посетители кои биле очевидци на настанот и кои помогнале со брзо пријавување на случајот во Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија од МВР, околу 21 часот вчера биле приведени лицата кои го украле Лука. Станува збор за кавадарчаните С.Н и И.П.А. на возраст од 31 и 26 години.

Тие го извлекле Лука од неговото живеалиште преку исечен отвор на мрежата. Лука е мајмунче од видот пацијан, старо 1,5 години. Кавадарчаните потоа ја прекокнале јужната заклучена капија од објектот и се упатиле кон паркингот, а потоа со возило во правец кон Велес.

Би можело да ве интересира

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

Ограбена скопската Зоолошка градина

Скопска зоолошка добива Бејби Зоо

Ана Ололовска

Зоолошка градина Скопје донираше 100 илјади денари за Сара, покрај собраните 50 илјади на хуманитарната забава

Наум Локоски

Зоолошката градина Скопје со кампања за заштита на животните

Наум Локоски

Зоолошката градина во Штип доби мече

Ана Ололовска