Новиот мост на Сена, кој е во план да биде изграден, би можел да ги натера жителите на Париз буквално да скокаат од среќа.
Победничкиот дизајн на натпреварувањето “Archtriumph” во Франција во својата структура би требало да има трамполини чиј дијагонеален пресек би изнесувал 30 метри.
„Секој модел од вкупно трите би бил исполнет со 3.700 кубни метри воздух“, објасни главниот архитект.
Во главниот град на Франција последниот мост е изграден во 2006. година, а доколку се направи овој иновативен мост, ќе биде 38 по ред.