А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Владата инвестира во здравството како никогаш до сега

by А1он05/08/2015 - 16:4905/08/2015 - 16:50116
Share0

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ ОО Прилеп.

Добивај вести на вибер

„СДСМ во нивни стил на неаргументирани напади, со лаги и манипулации се обидува да ја дефокусира јавноста од нивната неинвентивност и неспособност да предложат нешто ново, нешто со кое ќе го подобрат животот на граѓаните.

За разлика од времето кога СДСМ беше на власт и здравството беше во очајна состојба, за разлика од времето кога вашиот министер за здравство избега од државата за да го одбегне судењето за даночно затајување, за разлика од вашите кадри кои завршија со кривични пријави за набавките во Инфективното одделение во Прилеп, Владата на ВМРО-ДМПНЕ инвестира во здравството како никогаш до сега.

Да ве потсетиме на неколку инвестиции реализирани токму тука во нашиот град. Преку заедничка соработка на Здравствениот дом и Министерството за здравство, успешно е извршена реконструкција на фасадата и дограмата во Здравствениот дом во Прилеп. Исто така, поставен е лифт во зградата на здравствениот дом, реновирани се скалите и ходниците. Дополнително извршена е целосна промена на внатрешната дограмата, вратите во амбулантите и одделенијата. Покрај набавката на нови возила, набавен е и нов ЕКГ апарат. Комплетно е реновирано детското одделение, а во итната медицинска помош извршено е реновирање на фасадата на зградата и кровната конструкција, покрај промената на столаријата и подовите.

Во Центарот за јавно здравје-Прилеп, направена е целосна реконструкција на фасадата, променета е надворешната дограма, реконструкција на санитарни чворови, водоводна и канализациона мрежа, реновирана е санитарно-хемиската лабараторија, и извршена е набавка на повеќе апарати за различна употреба, согласно потребите на пациентите и центарот за јавно здравје.

Конкретно во Прилепската болница ,,Борка-Талески” направена е реконструкција на Болницата во вредност од 560.000 евра. Набавка на апарат за компјутерска томографија, кардиолошки ултразвук, гинеколошки ултразвучен 4D ехо апарат, гастроскопски кабинет и тн. опрема ветена и набавена од Владата на Република Македонија во вредност од 1,2 милиони евра.

Опремата за очното одделение во кое се инвестирани дополнителни 200.000 евра која овозможува самостојно работење по најновата фако метода, нешто што прилепчани мораа да го прават надвор од Прилеп. Воведена е гастроскопија како рутинска процедура за потполно заживување на гастроскопскиот кабинет, потполно е обновена опремата во амбулантниот дел на гиниколошкото одделение, во целост е реконструирана големата сала во болничката лабораторија, воведени се ЛИС и РИС, информатички лабараториски и ренген систем, извршена е реконструкција на одделението за Хирургија и одделението за

Нервнопсихијатриски болести, започната е активна едукација на лекарите како во странство, така и во нашата земја. Дополнително, во текот на оваа година, се очекува набавката на мамограф како и темелна реконструкција на поголем дел од градската болницата.

Со други зборови, проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има реализирано во здравството во Прилеп вие за време на вашето владеење ги немавте реализирано во целата држава.

Дополнително, покрај набавена најнова опрема за сите здравствени установи во земјава, воведен е проектот „Мој термин“ со кој се стави ред во чекањето на пациентите. Драстично беа намалени цените на лековите, а на сметка на добавувачите на кои вие им дозволивте да прават огромни профити на грбот на граѓаните. Воведен беше и проектот

„Рурален доктор“ преку кој многу населени места добија посета од здравствени лица и уште многу други реформи со кои драстично се смени сликата во здравството во Република Македонија. Тоа што е многу важно е што, најголем дел од вложувањето во здравството е направено со средства од заштеда при јавните набавки преку кои во времето на СДСМ некој се богател на грбот и на квалитетот на услугите за граѓаните.

За крај, само во последните неколку години во здравствените установи во државата се вработени околу 2.000 здравствени работници, медицински персонал, болничари и хигиеничари. А само во Прилеп повеќе од 200 здравствени работници. Ова го кажуваме поради фактот што за време на СДСМ беше уништена иднината на прилепското здравство и материјално но и кадровски оставајќи ги здравствените установи без соодветен кадар. Ова многу добро говори за вашата „грижа“ за здравството кое го уништивте и оставивте на колена.

dpmneprilepsdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски12/09/2025 - 10:4312/09/2025 - 10:44

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Горан Наумовски12/09/2025 - 10:17

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Горан Наумовски12/09/2025 - 08:59

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

Горан Наумовски10/09/2025 - 11:54

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

Горан Наумовски10/09/2025 - 10:53

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Горан Наумовски10/09/2025 - 09:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен