Блажевски 33-ти на 200 метри мешано на СП

Од:

Македонскиот пливач Марко Блажевски не успеа да стигне до норма за Олимпијадата во Рио, откако во квалификациите на 200 метри мешано исплива резултат 2:04.79 минути на Светското првенство во Казањ.

Ова време е за 40 стотинки побавно од Б нормата.

Македонецот на СП го очекува и настап на трката на 400 мешано в недела, а шанса за исполнување на норма Блажевски ќе има и на други натпревари.

Блажевски пливаше во втората група и го освои 6.место или вкупно 33.место од 47 натпреварувачи што се појавија во оваа дисциплина.

Утре на Мундијалот на патеката 100 м слободно ќе настапи Анастасија Богдановски.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска