Тимотеј: Повикот на Николиќ е позитивен, но барањето за ослободување на Вранишковски е државно прашање

Од:

Портпаролот на Македонската Православна Црква Владиката Тимотеј , во изјава за агенцијата„Бета“, ја поздрави поканата на претседателот на Србија, Томислав Николиќ за разговорите и решавањето на статусот на црквата.

Владиката  Тимотеј  изјави  дека повикот на Николиќ е позитивен, но посочи дека  барањето на српскиот претседател Томислав Николиќ,  за ослободување на расчинетиот Вранишковски, не е црковно, туку државно прашање.

„ Она што е кажано за дијалогот од Николиќ е нов момент во односите меѓу МПЦ и СПЦ, бидејќи до сега СПЦ, а и државата Србија, отсекогаш биле на мислење дека спорот е црковен, а не меѓудржавен. Сега овие нови околности се важни, бидејќи нив  ги изрече првиот српски човек “рече владиката Тимотеј.

Ова беше одговорт на Тимотеј и ставот на СПЦ на изјавата на Николиќ.

„Отворените разговори на двете држави можат да влијаат да се дојде до најбезболното решение на проблемот меѓу двете цркви “, изјави   Николиќ.

Според владиката Тимотеј , МПЦ прифаќа дијалог на црковните прашања, додека сите други прашања мора да се решат на државно ниво.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите