Советот за безбедност на ОН вчера соопшти дека има намера да воведе санкции против лидерите на бунтовничкото движење М23 во источниот дел на Демократска Република Конго, каде повторно избувна насилство, пренесува БТА.
Советот категорично го осуди М23 и нивните напади против цивилното население, мировниците на ОН, хуманитарни работници и кршењето на човековите права како масовни егзекуции, сексуално насилство и масовно врбување деца за војници, а исто обидите на М23 да воспостави паралелна администрација и да ја поткопа државната власт.
Бунтовниците имаат база на границата со Уганда и Руанда, што ги потхранува обвинувањата дека источно-африканските држави го поддржуваат бунтот со оружје, со тоа што бунтовниците, кои лесно увезуваат илегално оружје на територијата на бунтовниците.