Орав: Ова е последна шанса за Македонија

Од:

Специјалниот обвинител со целосна автономија треба да биде назначен до 15. септември. Се надевам дека партиите ќе најдат решение самите, но ако има потреба, можеме да помогнеме повторно. Второ критично прашање е датумот 20. октомври, кога треба да бидат назначени двајца нови министри и петмина заменици министри. Најкритично е изгледа Министерството за внатрешни, изјави во интервју за МТВ евроамбасадорот во земјава Аиво Орав зборувајќи за излезот од политичката криза, за која вели дека почна на 24 декември 2012 година.

Тој објасни дека во врска со реформите ЕУ ѝ доставила на земјава два важни документи. Првиот се итните реформски приоритети, а вториот е познат како „Извештајот на Прибе“, извештај што јасно кажува што треба да направи земјава итно бидејќи беше изгубено многу време. Орав наведува дека работните групи треба да ги почнат овие реформи најскоро што може, поточно веднаш.

Според него, ова е уникатна можност владата заедно со опозицијата и со граѓанското општество да ги спроведе реформите. Ако не се искористи сега, додава тој, веројатно нема да има нова шанса. Прво е договорот да биде спроведен 100%, второ да бидат спроведени сите реформи препорачани за земјава.

Тој ги повика медиумите и новинарите да известуваат критички.

– Медиумите и судството добија доста критички забелешки во минатогодишниот извештај за напредокот. Но, интересно е тоа што повеќето медиуми во земјава не сакаа да известат за тие критики во извештајот за напредокот. Дадовме листа препораки и тие треба да се спроведат. Но пред сѐ, слободата на медиумите почнува од новинарите, од уредниците. Ако постои самоцензура, како може да има професионално новинарство? Ако новинарите и уредниците се плашат од нешто, како да известуваат независно, како што се очекува од јавниот сервис? МРТ е клучното прашање, бидејќи сте финансирани од плаќачите на данок, а тие очекуваат од вас независно и професионално известување – рече Орав.

Би можело да ве интересира

Орав: Очекуваме кризата наскоро да заврши

Емир Латифовиќ

Орав: Политичката криза е во ќор-сокак,има сериозно кршење на владеењето на правото

А1он

(ВИДЕО) Шекеринска бара брзо решение на кризата, Тодоров избега од новинарите

А1он

(ВИДЕО) Орав и Бејли по средбата со политичките партии најавуваат можен излез од кризата во текот на неделава

А1он

Амбасадорот Орав на „Отворен ден на ЕУ“ во Велес

Емир Латифовиќ

ЕУ амбасадорот по интервјуто на Латас со Заев: Избалансирано медиумско известување???

А1он