Амбасадорот Орав на „Отворен ден на ЕУ“ во Велес

Од:

Евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп заедно со Васка Бајрамовска Мустафа заменик народниот правобранител присуствуваа на денешниот „Отворен ден на ЕУ“ во Велес, по повод претстојните избори закажани за 5. јуни годинава.
 
Во изјавата по завршувањето на „Отворениот ден“, амбасадорот Орав, му се заблагодари на градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев за соработката и нагласи дека претстојните избори се од огромна важност.
 
– Треба да бидат спроведени на добар начин за да не може никој да ги оспори резултатите после изборите. И ова беше една од причините зошто политичите партии ги одложија изборите наместо на 24 април на 5 јуни се’ со цел да се обезбеди рамноправен терен за сите политички партии и да се прочисти Изборачкиот список и да се справите со ситуацијата во медиумите, а и да се избегне заплашувањето на изборачите. Многу е важно граѓаните да учествуваат на тие избори и воедно изборите  се важни  и за нас во ЕУ. Ние како претставници на ЕУ да можеме да работиме со вашата држава како кандидат земја членка за ЕУ, потенцира евроамбасадарот Орав.
 
Градоначалникот Чадиев информира дека локалната самоуправа прави напори и секогаш, подвлече, изборите поминале во фер и демократска атмосфера.
 
– Сакам да нагласам дека и на последните избори во Општина Веле немаше ниту еден приговор и се’ се одвиваше во коректна атмосфера. Најавувам дека така ќе биде и на претстојните избори, а потсетувам и дека  Општина Велес е една од најтранспарентните општини во Македонија, потенцира градоначалникот Чадиев.
 
Заменик народниот правобранител на Р.Македонија Васка Бајрамовска Мустафа, истакна дека во разговорите со граѓаните на Велес имале  можност да го потврдат ставот на институцијата, значење, познавање и препознавање на слободното право на граѓаните за гласање и избирачкото   право.
 
– Ја искористивме можноста да ги информираме граѓаните за важноста од слободни избори и тајно гласање и воедно да ги потсетиме институциите за нивната обврска за создавање услови за непосредни избори, потенцира Бајрамовска Мустафа.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески