Орав: Очекуваме кризата наскоро да заврши

Од:

Еврокомесарот Аиво Орав денеска изјави дека очекува посетата на специјалниот германски пратеник Јоханес Ханјдл на Македонија да влијае на развојот на настаните околу решавањето на политичката криза и најави оти меѓународната заедница ќе продолжи да го помага процесот.

– Се надевам дека оваа посета денеска ќе влијае врз развојот на настаните. Минатата недела јас и амбасадорите на другите членки на ЕУ дадовме изјава и тоа не беше само изјава заради изјава. Сакаме да ги поттикнеме сите страни да постигнат договор во однос на Пржинскиот договор, за жал нема многу позитивни работи да бидат пријавени денеска, изјави Орав по работниот ручек на амбасадорите на земјите членки на ЕУ со Хајндл.

Орав, сепак, се надева дека утре ќе има состанок на Работната група на сите четири партии и, како што наведе, можеби ќе се тргне напред. Тој не сакаше да ја коментира содржината на меѓупартиските разговори.

– Нашата улога е да ги собереме сите партии заедно и да им помогнеме да го унапредат процесот. Меѓународната заедница има блиски консултации тука и очекуваме дека политичката криза наскоро ќе биде завршена, рече Орав.

Би можело да ве интересира

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната