Андроид смартфоните можат да бидат пиратизирани преку СМС

Од:

Пропустот во оперативниот систем Андроид на Гугл би можел да овозможи пиратизирање на смартфоните преку само една СМС порака и притоа преземање контрола врз апаратот, соопшти фирмата за информатичка безбедност Зимпериум.

– На напаѓачите им е потребен само бројот на телефонот и со негово користење тие можат далечински да управуваат со програмите преку фајл специјално направен за тоа и доставен преку ММС порака, предупреди фирмата, која денеска го откри пропустот на оперативниот систем на Гугл.

Уште поалармантно е дека пораката употребена во нападот може да биде уништена пред сопственикот на смартфонот да ја прочита.

Зимпериум наведува дека цел на ваков напад може да биде секој, како и дека ваквите порпусти се многу опасни бидејќи не бараат никакво дејствување на жртвата за нападот да биде спроведен.

Фирмата за информатичка безбедност додава дека хакерите веројатно се уште го немаат искористено овој пропуст, а на Гугл веќе му е доставена безбедносна заштита за оваа грешка, но за жал станува збор за многу долга процедура.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ