(ВИДЕО) Ковачевски: Битолскиот дел од Пелагонија без вода за наводнување!

Од:

„На овие пеколни температури што ја зафатија Македонија, земјоделците во пелагониско се без вода.

Пука земјата на земјоделските површини каде што се оставени трудот и потта на земјоделците.

Со право земјоделците стравуваат за последиците по родот“, рече на денешната прес-конференција претседателот на О.О СДСМ Битола и пратеник во Собранието на Р.М, Васко Ковачевски.

„Во период кога акумулацијата во Стрежево е полна, во битолскиот дел од Пелагонија има недостаток на вода за наводнување на земјоделските површини!

Најзасегнати се селата Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгарино, Драгожани, Трн, Карамани, Могила и други коишто речиси секојдневно се без вода.

Ова јавно претпријатие, Стрежево, пред чијашто управна зграда се наоѓаме, има обврска да испорача вода до нивите на земјоделците, кои имаат важечки договори со претпријатието и редовно си ги плаќаат обврските.

Но, за возврат или не добиваат вода за наводнување на посевите или само повремено добиваат вода, што е недозволиво, посебно не на вакви температури.

Ние сме постојано на терен со земјоделците и според информациите од теренот проблемот произлегува од ненавремената санација на свлечиште на главниот канал, уште од февруари, за време на поплавите.

Ј.П Стрежево и Владата на РМ како негов оснивач треба сега да објаснат на граѓаните, зошто не реагираа половина година досега?!

СДСМ веќе реагираше дека итно мора да се пушти вода во пелагонискиот регион.

Бидејки до сега нема реакции од надлежните,

Бараме земјоделците да бидат обештетени за последиците од штетите што им се нанесени со недостигот на вода и ненавременото наводнување.

Во меѓувреме инсистираме, надлежните институции и органи, ВЕДНАШ да обезбедат непрекинато водоснабдување до сите делови на Пелагонија“, вели Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски