Топлото време предизвикува здравствени проблеми

Од:

Топлото време и екстремно високите температури што ја зафатија Македонија можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај наслението, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено лоши биометеоролошки услови, според синоптичарите, ќе има во текот на претстојната ноќ. Можни се главоболки, болки во колената, на грбот и вратни болки.  Во ноќните часови, пак, се очекува честа појава на општа слабост, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови, болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени, ќе бидат се подолготрајни, укажува УХМР.

Времето и утре ќе биде сончево со високи температури кои ќе достигнат до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски