Утре прскање против комарци во Повардарието

Од:

Утре ќе се спроведе превентивно прскање против комарци во неколкуте општини од Повардарието, информираше денеска Ристе Јовановски, епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Се работи за активност согласно на Програмата за превентивна заштита. Апелирам до  пчеларите од општините од регионот   за време на прскањето да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството за прскање врз безбедноста на пчелните семејства, соопшти Јовановски.

Ќе се прска во неколку општини почнувајќи од Велес, преку Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија  па се до  Дојран.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа