Маршал влегува на пазарот на смартфони со моделот Лондон

Од:

Компанијата „Маршал“ позната по производство на засилувачи, звучници и слушалки, влегува на пазарот на смартфони со нов Андроид уред.

Маршал го претстави смартфонот Лондон, што работи на Андроид оперативен систем. Смартфонот е фокусиран на квалитетен звук, а „Лондон“ ќе биде најгласниот мобилен на светот со два звучници и хај-фај звучна карта.

Уредот, исто така, има два стерео приклучоци со посебна контрола на звук, како и М-копче на горниот дел што овозможува брз пристап до музика.

– Секогаш целиме високо и на нашите клиенти го нудиме најдоброто искуство. Кога нема смартфон фокусиран на музика, ние го создадовме. На нашите корисници нудиме најдобар музички уред, Маршал Лондон е најдоброто нешто што може да го имате во својот џеб, изјави Конрад Бергсторм, основачот и претседател на компанијата Заунд Индустрис, во чија сопственост е Маршал.

Корисниците со помош на еквилајзер ќе може да прилагодат универзален звучен профил за мобилниот, ќе можат да снимаат музика, да намалуваат бучава и да користат Ди-џеј апликација.

Маршал Лондон има 4,7 инчен екран, 2ГБ РАМ, 16 ГБ внатрешна меморија, микроСД отвор и батерија од 2.500 мили Ампер часа. На задниот дел се наоѓа камера од 8 мегапиксели, а на предниот дел камера од 2 мега пиксели.

Компанијата планира смартфонот да биде достапен во 22 држави низ светот по цена од 575 евра. Заедно со смартфонот доаѓаат и Маршал слушалки.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ