Театарска претстава и концерт на Охридско лето

Од:

На „Охридско лето“ вечер ќе биде изведена театарската претстава „Со љубовта шегување нема“ во дворот на основното училиште „Климент Охридски“, а во црквата „Света Софија“ концерт ќе имаат македонскиот сопран Весна Гиновска – Илкова и пијанистката Кристина Светиева.

Претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, во режија на Софија Ристевска ќе ја изведе Интимен театар од Битола. Создадена е врз идејата за денешниот неолиберализам, кој го проголтува и уништува секој човечки напор за жиеење надвор од неговата матрица. Во денешниот свет конструиран само и единствено врз правилата на капиталот човекот нема многу избор за алтернатива освен да се потчини и да се постави во функција на парите. И кога капиталот е основниот параметар по кој се конструира и се структуира еден живот тогаш доаѓаме до заклучокот дека со „капиталот шегување нема“, а љубовта е постудена од капиталот.
Во општеството на несолидарност и краен финансиски егоизам нема место за љубов и токму во претставата се спротивставуваат љубовта и капиталот, во арената каде што с енаализираат резултатите од тој чин.

Претставата е повик за создавање на похуман, посолидарен и социјално рамноправен свет, каде индивидуата ќе има право на слобода и љубов, затоа што точно игнорирањето на овие две категории може да чини многу.

Софија Ристевска досега режирала над 30 претстави во државни и независни театарски куќи во Македонија, Бугарија и Србија. Во 2010 година го оформи „Интимен театар“ во кој продуцирала и режирала шест претстави од современи драмски автори.

Весна Гиновска-Илкова е една од најатрактивните и најпознатите македонски оперски солистки. Домашната сцена ја освоила во 1996 година кога дебитира на сцената на Македонската опера и балет, заедно со рускиот тенор Сергеј Дубровин. Две години подоцна ја запознава и меѓународната сцена на меѓународниот натпревар „Борис Христов“ во улогата Елизабета во операта „Дон Карло“. Настапувала во некои од најпрестижните оперски сали во светот со реномирани оркестри и уметници. Лани одржа рецитал во Њујорк каде се претстави со најзначајните дела од македонското вокално творештво. Добитник е на голем број награди и признанија во Македонија.

Кристина Светиева е една од најталентираните млади пијанистки во Македонија. За време на студирањето разви широка концертна дејност. Успешно настапува во земјава, но и надвор од неа, на повеќе национални и интернационални фестивали. Добитник ена повеќе државни и меѓународни нагади и признанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори шумата над Лескоец кај Охрид, пожарот се гледа и од градот

Ландов

Стружанец најмил дојденци од Албанија да сечат и крадат дрвја во Дебрца

Жарко Настоски

Фатен жител на Мешеишта кој за време на полициски час палел коли на шумски полицајци

Жарко Настоски

Охрид: Вработен на гробишта нарачал бехатон плочки за пат до црква, ги однел во својата викендичка

Жарко Настоски

Жител на охридско си оградил државно земјиште и не дозволувал никој да помине

Жарко Настоски

Уште два милиони евра помош од ГИЗ за заштита на езерата од Дримскиот басен

Емир Латифовиќ