Стружанец најмил дојденци од Албанија да сечат и крадат дрвја во Дебрца

Од:

Полицијата поднесе кривични пријави за четири лица, од кои тројца албански државјани, за сторено кривично дело „пустошење шуми“ и „кражба“.

Станува збор за С.М.(48) од струшкото село Мислодежда, инаку директор на правно лице од Струга, како и против албанските државјани В.Л.(35), Б.Т.(35), и А.Т.(26).

Според СВР – Охрид, пријавениот С.М. неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган. Лицата биле затекнати во нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан, во Општина Дебарца, при што биле приведени од страна на полициските службеници.

Според записникот, од почетокот на оваа година осомничените опустошиле 1.147 метри кубни буково, дабово и индустриско дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“-Охрид нанеле материјална штета од околу два милиони денари.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он