Охрид: Вработен на гробишта нарачал бехатон плочки за пат до црква, ги однел во својата викендичка

Од:

55-годишен вработен во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, нарачал бехатон плочки со кои требало да се поплочи пат до црква во Љубаништа, но ги однел во дворот на својата викендичка, која се наоѓа веднаш до црквата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој, на 12.11.2020, во својство на службено лице во ЈП„Градски гробишта“ во Охрид од ЈП „Охридски комуналец“ побарал за потребите на „Градски гробишта“ камион кипер за транспорт на 800 бехатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа,“ се вели во полициското соопштение.

„Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренел во дворот од својата викенд куќа, која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60.000 денари,“ додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа