Ахмети: Од договорот добиваат сите

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, како историски го оцени договорот постигнат со меѓународно посредување што го потпиша лидерите на четирите политички партии, со кој се очекува да и се стави крај на политичката криза во Македонија.

Тој нагласи дека во процесот на разговори одлучувачка била улогата на Европската унија и САД.

– Слободно може да се нарече договор со големо значење. Но зошто да не се нарече и историски, зашто за земјата се отвара ново поглавје за регулирање на многу прашања за кои и порано се барале решение, но имало двоумења од едната или другата страна. Да речеме, многу е поволно и демократски за нашата земја што три месеци пред изборите, премиерот кој е и лидер на партија, да даде оставка и да се кандидира рамноправно помеѓу рамноправните. Ова се предвидува во договорот што ние го потпишавме, речеАхмети во интервју за локална телевизија во Тетово, посочувајќи дека оваа определба од сега па натаму ќе стане правило.

Во однос на очекувањата од новиот специјален обвинител, вели дека тие со право се големи.

– Специјалниот обвинител ќе биде избран со консензус на четирите политички партии. Ќе се доставуваат кандидатури и ќе се одлучи кому ќе му се довери овој деликатен и комплициран процес. Постојат илјадници прислушкувања. Јас зборувам од она што беше кажано, само за мене има околу 15.000 фајлови, од разговори кои се направени во рок од три години и не знам колку има за другите, рече Ахмети, изразувајќи уверување дека процесот ќе биде тежок и во согласност со договорот очекува дека обвинителот ќе ја заврши работата до крај.

Што се однесува на дилемите кај Албанците дека “не се претставени албанските интереси во овој договор”, Ахмети цени дека од договорот добиваат сите.

– Договорот не е направен за да се направат изборни слогани. Од договорот добиле Албанците, добиле Македонците. Потенцирав дека 32 инвеститори пред два месеци предупредија за мораториум дека ќе ги повлечат инвестициите од оваа земја. Зарем не губат Албанците од ова, зарем ова не е интерес и на Албанците? Зарем не е во интерес и на Албанците решавањето на проблемите со соседите и воспоставувањето односи со соседите? Зарем не е во интерес на Албанците ставањето како приоритет во овој договор Охрдискиот рамковен договор како и деталната експертиза, која треба да се направи на Договорот? Зарем не е во интерес на Албанците оваа земја да не го загуби потребниот чекор напред кон интеграцијата во ЕУ и НАТО? Дали да ги нарекуваме ние ови дела моноетнички, со интерес на едната страна или со интерес на двете страни?, рече Ахмети нагласувајќи дека освен ова прашање и прашањата кои се поврзуваат со употребата на албанскиот како службен јазик, како и  распределувањето на буџетот се разгледуваат од работните групи и се дел од агендата на преговорите од Договорот од 2-ри јуни.

Зборувајќи за можностите за надминување на спорот со Грција, лидерот на ДУИ, рече дека по договорот меѓу нуклеарните сили и Иран, по договорот на меѓународните финансиски институции со Грција, и договорот со меѓународно посредување на четирите политичи партии во Македонија, оптимист е дека и прашањето за името ќе се повлече од дневниот ред.

– Во агендата на нашите пријатели е и решавањето на прашањето за името. Јас имам зборувано многу искрено со министерот за надворешни работи на Грција и видов подготвеност и овој проблем да земе насока и да влезе на добар пат за конечно решение, изјави лидерот на ДУИ повлекувајќи дека е прашање на време кога ќе се постигне решение и дека и покрај разликите, за ова и во Македонија, постои таква подготвеност.

Во однос на имплементацијата на Договорот од Пржино, лидерот на ДУИ е оптимист дека и покрај сите тешкотии ќе се стави во функција.

– Зад овој договор стојат четирите најголеми политички партии на земјата, зад овој договор стојат четирите претседатели на партии кои имаат морална и национална одговорност за да го спроведат. Олеснувачи и гаранти на овој договор се Европската унија и САД и ќе биде срамно ако се направи чекор назад. Јас сум оптимист дека овој договор ќе се имплементира. Нема да биде лесно, ќе има дебати, преговори, ќе има лутење, ќе има замерување, но овој договор треба да се спроведува, изјави лидерот на ДУИ Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски