Екипите кои важеа за фаворити на синоќешните дуели во квалификациите за фудбалската Лига на шампиони не ги оправдаа очекувањата, па за да ја поминат втората рунда ќе треба во реваншот да бидат поубедливи.
Првенствено тоа важи за хрватскиот шампион Динамо Загреб кој и со играч повеќе во поголемиот дел од средбата, не успеа да го совлада Фола Еш од Луксембург.
Ремизираа и Карабах и малме, а само Селтик ги оправда очекувањата за сигурна победа.
Постигнати резултати на петте први натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ одиграни синоќа:
Карабаг – Рудар 0:0,
Малме – Жалгирис 0:0,
БАТЕ Борисов – Дандалк 2:1,
Селтик – Стјарнан 2:0 и
Динамо Загреб – Фола 1:1.
Во вторникот:
Вентспилс – Хелсинки 1:3,
АПОЕЛ – Вардар 0:0,
Митјиланд – Линколн 1:0,
Лудогорец – Милсами Орхеи 0:1,
Хибернијанс – Макаби Тел Авив 2:1,
Молде – Пјуник 5:0,
Скендербег – Крусајдерс 4:1,
ТНС – Видеотон 0:1,
Марибор – Астана 1:0,
Тренчин – Стеауа 0:2,
Партизан – Дила Гори 1:0 и
Сараево – Лех 0:2.
Реваншите се играат на 21 и 22 јули.