Откриени фосили на најголемиот диносаурус во Јапонија

Од:

Два фосилизирани заба од најголемиот диносаурус месојадец кој кога и да е живеел на териториите на денешна Јапонија пронајдени се во пласт земја стар 81 милиони години во југозападниот дел од земјата, објавија археолозите во вторникот.

Забите се првите фосили од диносаурусот од семејството Tyrannosauridae пронајдени на територијата на Јапонија, објави Музејот на диносаурусите во Фукуи, во префектурата Нагасаки. Фосилите, кои се откопани инаку уште во мај 2014 година, ќе бидат изложени во музејот во петок.

Според главниот истражувач на музејот, Касунори Мијата, ова е доказ дека во доцниот период Креда на територијата на денешна Јапонија живееле голем број диносауруси месојади, меѓу кои и Tyrannosauridae. Еден од забите е долг 8,2 и широк 3,8 сантиметри и дебел 2,7 сантиметри, што, како што вели Мијата за порталот Japan Real Time, укажува дека примерокот на кој му припаѓал би можел да биде долг најмалку десет метри.

Станува збор за важно откритие, имајќи предвид дека голем број од досега пронајдените фосили во Азија покажале да на овој континент живееле релативно мали диносауруси месојади, во споредба со областа на денешна Северна Америка.

Диносаурусите од семејството Tyrannosauridae, кое се дели на две групи долгомуцести Albertosaurinae и кусоглави Tyrannosaurinae, живееле и во Северна Америка и во Азија во периодот Креда, пред 145 до 66 милиони години, а во зависност од областите биле долги од 6,5 до 14 метри, со височина од околу 5 метри и тежина околу 7 тони.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ