ВИДЕО: Груевски наместо за кризата говореше за трговската размена со САД

Од:

Во својата изјава по средбата со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД, премиерот, Никола Груевски, многу малку се задржа на политичката криза, а повеќе за односите меѓу двете држави.

На пресот не беа дозволени прашања од новинарите. Од друга страна изјавата на Нуланд, речиси во целост се однесуваше токму на политичката криза.

Во разговорот, рече Груевски, констатиранао е дека односите меѓу двете земји се одлични и дека се карактеризираат со отворен дијалог. Во тековните политички премержја, додаде, водилка за Владата се европските вредности.

– Нивното решение е можно само преку правени, институционален и политички процес, во согласност со уставниот поредок и воспоставените начела на демократија и владеење на правото, изјави тој.

Како што рече премиерот, се разговарало за што е можно поскоро зачленување на Македонија во НАТО како и од потребата за итно започнување на преговорите за членство во ЕУ.

– Наредниот самит на алијансата во Варшава, исполнетоста на критериум за членство и учеството на припаднниците на унијата на Република Македонија во повеќе мировни мисии, ни дава потполно права да инсистираме на итно надминување на сите пречки за нашето зачленување. Грчко-македонските разговори за надминување на разликите околу името треба да продолжат. Бараме конструктивен пристап за ефикасно решавање, додаде премиерот.

За трговската размена меѓу САД и Македонија, Груевски спомена дека роуд шоуата во минатите години дале дополнителен имплус во привлекувањето на нови американски компании.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

САД признаа дека убиле петмина наводни „наркотерористи“ во два напада врз бродови во источниот Пацифик

Волстрит журнал: САД ја укинаа забраната на Киев за ракети со долг дострел

Зеленски: Украина нема да ја тргува својата слобода, наместо да вршат притисок врз Киев, потребни се решителни чекори од САД, Европа и Г7

Трамп: Нема да ја загрозувам Америка поради Украина

„Вашингтон пост“ открива: САД вршат притисок врз Киев да направи отстапки кон Москва

ВИДЕО: Американците повторно погодија брод на Кариби, првпат има преживеани