Спогодба меѓу Владата на Колумбија и ФАРК за деескалација на судирот

Од:

Колумбиската Влада постигна денеска историска спогодба со левичарските герилци ФАРК (Револуционерните вооружени сили на Колумбија) за деескалација на повеќегодишниот вооружен судир, соопштија допломатите во Хавана.

Ова претставува важен чекор во мировните преговори меѓу двете страни, кои почнаа во ноемри 2012 година, но се отежнати изминатите месеци поради пораст на насилството.

– Националната Влада на 20 јули ќе покрене процес за деескалација на воените акции, како одговор на прекин на офанзивните акции на ФАРК, се наведува во заедничкото соопштение на кубанските и норвешките дипломато, кои посредуваат во разговорите.

ФАРК на 8 јули потврди дека ќе го почитува едномесечниот едностран прекин на огнот. Куба и Норвешка дејствуваат како земји кои гарантираат во мировните преговори, додека Чиле и Венецуела се придружни држави во процесот.

Колумбиските граѓански судири траат од 1964 година, а во нив учествуваат левичарската герила, десничарските паравоени сили и нарко бандите. Убиени се повеќе од 220 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски