Чехот Драхомир од југоисточниот дел на Чешка за малку ќе бил жртва на терористичкиот напад на плажата во Тунис во кој беа застрелани речиси 40 луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.
Тој на Интернет, на својот Фејсбук профил објавил видео, кое со негова дозвола го објави порталот на весникот „Млада фронта днес“ и на кое се гледа напаѓачот кој подоцна беше застрелан од полицијата.
– Кога ја фотографирав плажата ни на крајот на паметот не ми беше дека ќе гледам како паѓаат застрелани луѓе, вели Драхомир за весникот не сакакајќи да се објавува неговото презиме.
Тој вели дека кога го видел мажот со автоматската пушка побегнал и потоа снимал од терасата во хотелот каде што бил сместен.
Тој тврди дека напаѓачот пукал без да има одредени луѓе како цел, а некои од луѓето биле живи и се обидувале да станат.
Според полицијата, напаѓачот нападот го планирал неколку месеци претходно.