Комисија за заштита или за нарушување на конкуренцијата?

Од:

Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе позитивна одлука за спојувањето на ВИП и ОНЕ во една компанија, со што на тој начин одобри и дуопол на телекомуникацискиот пазар и како што наведува самата комисија, нарушување на конкуренцијата. Во соопштението од комисијата се вели дека е “одобрена концентрацијата“ иако таа ќе доведела до нарушување на конкуренцијата“ и тоа „значително“ во сферата на мобилните-телекомуникациски услуги и во преносот на аудиовизуелни содржини, со оглед дека се спојуваат и „Близу“ и „Бум“. Со ова образложение и ваквата одлука, не е јасно што е функцијата на комисијата-да ја штити или да ја нарушува конкуренцијата?

– Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 08.07.2015 година донесе решение со кое ја одобри концентрацијата со која мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ Виена, Австрија ќе стекне контрола над ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје под услов да се исполнат обврските доставени од учесниците во концентрацијата.

До Комисијата на 30.12.2014 година, согласно одредбите од член 15 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ (ММБ), Виена, Австрија како непосредно владејачко друштво на Друштвото за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје и Телеком Словеније д.д. Словенија како директно владејачко друштво на ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, вклучително и како директно владејачко друштво на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, поднесoa заедничко известување за планирано спојување меѓу ВИП и ОНЕ (вклучувајќи го и ДИГИ) во новоформирано друштво во кое ММБ ќе има единствена контрола.

Врз основа на известувањето за концентрација и дополнително прибавените податоци и документи во текот на постапката Комисијата при оценка на предметната концентрација утврди дека пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на:

– пазарот на обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги. Имено спојувањето на ОНЕ и ВИП, кои се втор и трет мобилен оператор, ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција и

– пазар на обезбедување на услуги на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници. Имено реализацијата на предметната концентрација ќе значи дека друштвата БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје и ДИГИ ќе станат дел од иста групација, се вели во соопштенито на КЗК.

Ваквата концентрација може да доведе до евентуалното покачување на цените во мобилната телефонија. Како што неодамна пишуваше А1он, ваквото спојување ја отвора можноста за враќање на состојбата на пазарот од пред десетина години кога функционираа само два оператора, а ценовната политика беше предмет на договор помеѓу операторите. Сега може да се очекуваат цени кои би се зголемиле и до 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска